Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тенисерот Ник Кирјос призна дека идол му е кошаркарската легенда Денис Родман и дека во детството кошарката му била омилен спорт.
Кирјос откри дека тренирал кошарка до 14 години, по што неговиот татко му соопштил дека треба да се посвети на тенисот.
„Најмногу го сакам Родман. Ми се допаѓаат споредбите со него. Секогаш сум сакал спортисти кои работат на свој начин. И јас сум таков, за казни сум платил околу 500.000 долари. Не сум како Федерер, Надал и Ѓоковиќ“, вели Кирјос.