Кирјос најави пензија: Имам 28, а се чувствувам како да имам 57!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос најави дека би можел да замине во пензија, иако има само 28 години и многумина очекуваа да го гледаат барем уште неколку години во тенисот.

Кирјос минатата сезона настапи во финалето на Вимблдон, додека оваа година одигра само еден меч и се соочи со многу повреди.

„Имам 28 години, но со алкохолот и ноќните забави се чувствувам како да имам 57. Мислам дека нема да играм тенис на 33 години“, вели Кирјос.