Кирјос: Не ми е жал, загубив од најдобриот во историјата!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ник Кирјос е подготвен да настапи на Вимблдон, каде што минатата сезона во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ.

Пред почетокот на турнирот, Кирјос кажа дека има голема самодоверба и се надева дека конечно ќе стигне до трофејот.

„Минатата година не успеав да го победам Ѓоковиќ, но не сум тажен затоа што загубив од најдобриот тенисер во историјата. Ќе биде убаво да заиграме повторно на истото место“, кажа Кирјос.