Кирјос обвинет за напад на поранешната девојка: Ќе мора да оди на судење!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Канбера Тајмс“ објави дека Ник Кирјос бил насилен кон неговата поранешна девојка и постојат докази за тоа, па ќе мора да оди на судење, иако конечно му тргна во животот.

Австралискиот тенисер влезе во импресивна серија на Вимблдон и се пласираше во четвртфинале на третиот гренслем-турнир во сезоната.

Обвинувањата се однесуваат на нападот на Кјара Пасари во декември 2021 година, па Кирјос следниот месец ќе мора да оди на Суд.

Неговиот адвокат Џејсон Моефт од канцеларијата Ки Чемберс потврди дека Кирјос е запознаен со обвинението и набрзо ќе соопшти повеќе детали, откако тенисерот ќе го заврши својот настап на Вимблдон.

Кирјос в среда игра против Кристијан Гарин за влез во полуфинале на Вимблдон, каде што би можел да заигра против Рафаел Надал, ако тој слави против Тејлор Фриц.