Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Контроверзниот тенисер Ник Кирјос повторно беше во центар на внимание, но не поради тоа што заедно со Танаси Кокинакис се пласираше во полуфинале на Австралијан опен, туку затоа што со топче погоди едно дете на трибините.
Кирјос незгодно удри едно топче, кое заврши во публика, а за драмата да биде поголема, тоа погоди едно дете кое се расплака.
Детето не запираше да плаче, додека по изразот на лицето на Кирјос можеше да се забележи дека немал намера за такво нешто, но сепак најде начин како да му се извини.
Австралискиот тенисер со грчко потекло отрча до клупата и земе еден од своите рекети, по што му го подари на момчето, кое прекина да плаче откако го доби вредниот подарок.
La gentilezza di Nick Kyrgios 💖#AusOpen | #AO2022 | #EurosportTENNIS | #Kyrgios pic.twitter.com/sR8Y9yWppW
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 25, 2022