Кирјос „распали“ по Синер: Зошто молчеше пет месеци!?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Главна тема во светските медиуми во изминатите денови беше допинг-аферата на италијанскиот тенисер Јаник Синер, а свој коментар даде и контроверзниот Ник Кирјос.

Кирјос не е среќен поради благата казна која ја доби Синер, иако имал два позитивни допинг тестови.

За скандалот беа обвинети неговиот физиотерапевт Џакомо Налди и кондицискиот тренер Умберто Ферара, па Синер реши да ги отпушти.

„Се прашувам зошто чекаше пет месеци за да ги отпушти, ако веднаш знаел што се случило“, праша Кирјос.