Кирјос сакал да се самоубие!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос му се заблагодари на Енди Мареј кој му помогнал во борбата против психичките проблеми со кои се соочувал.

Кирјос имал самоубиствени мисли, а дел од времето поминал и во психијатарска болница во Лондон.

„Енди секогаш ми даваше поддршка. Кога се вратив на турнирите, виде дека треба да работи со мене. Подоцна забележа дека сум си ја повредил раката и праша што ми се случило. Беше лошо во тие моменти. мареј се обидуваше да ми даде совет, а јас бев ‘заглавен’. Многу сум му благодарен што ме спаси“, кажа Кирјос.