Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џорџо Кјелини ја почна сезоната во италијанската Серија А со гол против Парма, а потоа следуваше незгодна повреда.
На последниот тренинг пред мечот против Наполи, Кјелини ги скина лигаментите, па се појави на стадионот со патерици.
Тешката повреда на 35-годишниот фудбалер можеше да значи и крај на кариерата, но сепак борбениот дефанзивец не се предава толку лесно.
Кјелини вчера беше успешно опериран, па беше соопштено од Јувентус дека го очекува шестмесечна пауза, па тоа значи дека ќе го пропушти првиот дел од сезоната, а планот е да се врати на теренот во март.
Дефанзивецот е член на Јувентус од 2005 година, па тој е заштитен знак на екипата, која веќе осум години по ред го освојува Скудетото.