Кјелини откри како Роналдо се бори против короната!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ѕвездата на Јувентус и репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо вчера дозна дека е позитивен на кроонавирус.

Тоа официјално го потврди и фудбалскиот сојуз на Португалија, а се шпекулира дека фудбалерот на Јувентус ги прекршил правилата за карантин и така го загрозил здравјето на своите соиграчи.

Со оглед на тоа дека неодамна играше во Лига на нации со Франција, Роналдо потенцијално заразил 25 клубови.

И додека сите се прашуваат како е Португалецот, тој не се грижи премногу и ужива на сонце.

„Зборував со Кристијано, тој е добро и се сонча. Ќе се врати кога ќе биде подготвен и не треба да се грижиме. Знаеме дека следните неколку месеци ќе бидат тешки“, кажа Кјелини.