Кјелини повторно ги израдува навивачите на Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Капитенот на Италија, Џорџо Кјелини најави дека многу брзо ќе се врати во тимот и ќе потпише нов договор со „Старата дама“.

Дефанзивецот во моментов се наоѓа на продолжен одмор со семејството кој го заслужи бидејќи со Италија стана европски шампион.

На Европското првенство замина како слободен фудбалер бидејќи му заврши договорот со Јувентус, но сепак тој ќе остане во тимот.

„Во понеделник се враќам во Торино. Гладен сум за нови трофеи“, кажа Кјелини.

Имаше шпекулации дека сака да му се зголеми платата на пет милиони евра годишно, но не е исклучена можноста да прифати плата како таа од минатата сезона.

Трофејот во Лига на шампиони е нешто што недостига во неговата блескава колекција од титули, а останува да видиме дали конечно ќе го освои.