Клајверт се врати во Барселона каде доби значајна функција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот холандски фудбалер, Патрик Клајверт се врати во редовите на Барселона каде ќе остане во следните две години.

Од Барселона потврдија дека Клајверт ќе ја врши функцијата директор на младите категории во Ла Масија.

Холанѓанецот ќе биде одговорен за школата која во минатото вадела голем број светски фудбалери, па сосема е јасно дека ќе има и тоа како одговорна задача пред себе.

„Многу сум среќен што се вратив дома и гледам кон новата ера со предизвик задржување на Барселона меѓу најдобрите тимови во светот“- истакна 43 годишниот Клајверт.