Клатенбург има предлог: Натпреварите да се скратат на 60 минути и да се запира времето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалот е најпопуларен спорт во светот, но често добива критики поради траењето на натпревари. Иако дуелите траат 90 минути со судиско надополнување, сепак активната игра трае помалку време, а судиите немаат решение за тоа.

Еден од најпознатите судии Марк Клатенбург кажа дека треба да се скратат натпреварите на 60 минути, а времето да се запира при секој прекин.

„Тренерите ме навредуваа често затоа што сум додавал само по две минути, а не три. Фудбалерите се бунеа, а навивачите ме нарекуваа со секакви погрдни зборови. Мислам дека постои решение за сè, а тоа се натпревари од 60 минути со запирање на времето при секој прекин. Мислам дека ФИФА во моментов размислува за такво нешто“, вели Клатенбург.