Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес клиперс го ангажираа 31-годишниот крилен центар Серж Ибака. Откако Монтрезл Харел замина во Лос Анџелес Лејкерс, Клиперс решија да ангажираат кошаркар кој во 2019 година го освои прстенот со Торонто репторс.
Во Клиперс на Кави Ленард му се приклучи Ибака, кој доби двегодишен договор вреден 19 милиони долари, со тоа што во втората година Ибака ќе може сам да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Ибака во следната сезона минутажата ќе ја дели со хрватскиот центар Иван Зубац. Станува збор за кошаркар кој може да игра офанзивно, но одличен е и во одбраната, па ова изгледа како добар потег на Клиперс.
Клиперс и во новата сезона ќе бидат едни од кандидатите за освојување на прстенот во НБА-лигата.