Клоп е навистина посебен, на сите им одржа лекција!

Во текот на пандемијата на коронавирусот ниту една ѕвезда на англискиот фудбал не беше активна како Маркус Рашфорд.

Рашфорд ја воодушеви британската јавност со својата хумана работа во последните месеци, а успеа да собере милиони фунти помош на тие што им беше најпотребно.

Неодамна успеа да ги убеди и политичарите да ги продолжат бесплатницте оброци за најзагрозените деца и во текот на летото околу 200.000 деца ќе спијат најадени.

„Тоа што го направи Рашфорд не можам повеќе да го почитувам од ова сега. Тоа е неверојатно. Срам ми е што воопшто морал да го прави тоа бидејќи таквите работи треба да се природни. Но нешто требаше да се преземе и тој го направи тоа на вистинскиот начин“, кажа Клоп.