Клоп е разочаран од идејата за – син картон!

Медиумите вчера објавија дека во фудбалот ќе се воведе син картон, кој ќе се користи за исклучување на фудбалерите на 10 минути по остар прекршок.

Од овој потег не е воодушевен германскиот тренер Јирген Клоп, кој кажа дека тоа ќе предизвика дополнителни проблеми во светот на фудбалот.

„Реалноста вели дека треба да им ја поедноставиме работата на судиите, а не да предизвикаме компликации и скандали. Јас имам 56 години, а искрено не паметам кога последен пат имало добра идеја во ИФАБ“, кажа Клоп.