Клоп е воодушевен на фудбалерот од Арсенал: Тој е талент на векот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул и Арсенал во средата одиграа фантастичен натпревар во осмина финалето на англискиот Лига куп.

После регуларните 90 минути семафорот на Eнфилд покажуваше 5:5, па за патникот во четврт-финалето одлучија пеналите. Посигурни во пенал серијата беа фудбалерите на Ливерпул и повторно славеа пред своите навивачи.

И Клоп и Емери на овој натпревар користеа голем број на млади играчи, а тренерот на Ливерпул беше задоволен од партиите на својот младеж, но и воодушевен со офанзивецот на Топџиите, Габриел Мартинели – кој постигна два погодоци.

„Нашиот Сеп одигра неверојатен натпревар… Тешко беше да се игра со тие момци од Арсенал. Мартинали од прилика е иста возраст како Ван Денберг, но тој е талент на векот, неверојатен напаѓач поради кој ни беше многу тешко“, изјави Клоп за играта на својот млад штопер против играчите на Арсенал, па продолжи:

„Тогаш го имате Месут Озил и Вилок на десната страна кој навистина постигна прекрасен погодок. Многу е тешко кога тимот на Арсенал е расположен за контри… Ги држеме длабоко, играме околу нив, ја губиме топката и тогаш е најтешко“.

Инаку, 18 годишниот Бразилец, Габриел Мартинели летово пристигна во Арсенал, и покрај тоа што добива минимална минутажа на теренот тој не престанува да изненадува. Вкупно има запишано седум настапи за Арсенал и има постигнато седум голови (3 голови за 45 минути во Премиер Лигата).