Клоп: И што ако ни се извинат? Ќе ни ги вратат ли и бодовите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп со право беше лут на судиите кои му поништија чист гол на Луис Диаз во дуелот против Тотнем (1-2).

Организацијата на судии во Премиерлигата ја призна грешката и соопшти дека не интервенирал ВАР-системот, но Ливерпул нема никаква корист од тоа.

„Каква корист имаме ние од нивното извинување? Имаше идентична ситуација на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Вулверхемптон: Им ги вратија бодовите? Не. Мислевме дека со ВАР-системот ќе се сменат некои работи“, кажа Клоп.