Клоп имаше што да каже за својот наследник во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на крајот на сезоната ќе го напушти премиерлигашот, а веќе станува јасно кој ќе го замени на кормилото.

Англиските медиуми објавија дека Арне Слот е блиску до потпис со „црвените“, а тоа го потврди и Холанѓанецот, но останува да се договорат двете екипи за отштетата.

Клоп денеска на прес-конференција доби прашање од новинарите за тоа што мисли за неговиот потенцијален наследник во Ливерпул.

„Не сум прочитал ништо, но ми кажаа дека Арне е блиску до потпис. Го сакам неговиот стил на игра. Не го познавам, но тоа е добар тренер“, кажа Клоп.