Клоп итно бара лев бек по повредата на Цимикас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул одигра 1-1 против Арсенал во дербито во Премиерлигата, но остана и без Костас Цимикас кој се повреди по еден дуел со Букајо Сака.

Грчките медиуми пишуваат дека Цимикас најверојатно ќе паузира најмалку три месеци, а тоа е проблем за премиерлигашот кој веднаш тргна во потрага по дефанзивец.

Тренерот Јирген Клоп на бековската позиција може да го искористи Џо Гомез, но тој досега беше алтернатива на Трент Александер-Арнолд на спротивната страна.