Клоп ја крена Европа на нозе: Најлошото допрва доаѓа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп бара реакција од УЕФА и ФИФА за да ги заштити европскит гиганти од тимовите од Саудиска Арабија.

Клоп се плаши дека екипите ќе загубат дел од играчите затоа што трансфер-маркетот се затвора на 1 септември, додека клубовите од С. Арабија може да купуваат до 20 септември.

„Најлошо е тоа што преодниот рок во С. Арабија е подолг за три недели. УЕФА и ФИФА мора да го решат тоа, затоа што саудиските тимови имаат големо влијание врз Европа“, вели Клоп.

Ова лето голем број ѕвезди заминаа во С. Арабија, а меѓу нив се Едуард Менди, Карим Бензема, Нголо Канте, Марсело Брозовиќ, Садио Мане и други.