Клоп: Јас не сум лош, но Гвардиола е најдобар тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул в недела на „Енфилд“ ќе го пречека Манчестер сити во борбата за титула во Премиерлигата, а пред тоа беше одржана прес-конференција од Јирген Клоп.

Клоп заедно со Ливерпул има 63 бодови и се наоѓа на првото место, односно еден бод повеќе од Манчестер сити.

Германскиот стратег имаше пофални зборови за неговиот ривал Пеп Гвардиола.

„Го почитуваме Манчестер сити. Пеп е најдобар тренер во светот, а имаат и најдобар напаѓач, Де Брајне ќе влезе во историјата, а Фоден е најдобар англиски фудбалер“, кажа Клоп.