Клоп кажа што мисли за приказната дека Мбапе доаѓа во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не ја искористи шансата да го продолжи договорот со ПСЖ на уште една година, па затоа летово ќе си замине од екипата.

ПСЖ бара нов тим за напаѓачот, кој има договор до следното лето, а англиски „Мирор“ пред неколку дена објави дека Мбапе доаѓа во Ливерпул.

„Се смееме на таа приказната. Можам да кажам дека е добар фудбалер, но финансиските услови не ни одговараат. Не сакам да ја расипам приказната, но нема вистина во неа. Сепак, можеби некој во тимот сака да ме изненади“, кажа Клоп.

Ал Хилал претходно се обиде да го купи Мбапе за 300 милиони евра, но Французинот одби да преговара.