Клоп ќе збесне: Мидо откри како Салах се заразил со вирусот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена од Фудбалскиот сојуз на Египет соопштија дека Мохамед Салах е позитивен на ковид-19.

Овие вести се посебно разочарување за Јирген Клоп затоа што Ливерпул има проблеми со многу повредени играчи.

Салах ќе се врати во Ливерпул каде што ќе ја продолжи изолацијата додека не го победи вирусот. А се јави и легендарниот напаѓач Мидо, кој откри како Салах се заразил.

„Отсуството на Салах е голем проблем за Египет, зашто тој е наш најдобар фудбалер. Сепак, тој го ризикуваше здравјето на соиграчите поради неодговорното однесување. беше на свадба на својот брат и тоа не смееше да го направи. Таму имаше повеќе од 800 луѓе“, вели Мидо.

Овие вести сигурно ќе го налутат Клоп затоа што во Ливерпул не беа запознаени со тоа дека Салах ќе оди на венчавка.