Клоп краде голема желба на Тен Хаг!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул неочекувано би можел да се засили во јануарскиот преоден рок по повредата на Жоел Матип, а тренерот Јирген Клоп е заинтересиран за голема желба на неговиот колега од Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Клоп сака да го купи Жан-Клер Тодибо од Ница до крајот на јануарскиот преоден рок. Овој фудбалер се поврзуваше и со Тотенхем, а беше желба и на „црвените ѓаволи“.

Тодибо има одлични односи со Конате, кој наводно учествува во преговорите и сака да го убеди да потпише за „црвените“ од „Енфилд“.

Ливерпул најверојатно ќе плати околу 50 милиони евра за неговиот трансфер, а дел од сумата ќе добие и Барселона.