Клоп може да биде презадоволен – Милан не успеа да шутне на гол против неговиот Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Милан одиграа пријателски натпревар.

Тимот на Јирген Клоп со двата погодоци во второто полувреме го совладаа Милан.

Ливерпул до водство стигна после еден час игра кога Морено асистираше, а мрежата на Милан ја затресе Ориги. Црвените работата ја завршија во 73-та минута кога Фирмињо ги постави конечните 2:0.

Двата клуба натпреварот го почнаа со резервниот состав и затоа немаше погодоци во првото полувреме. После измените на Клоп во второто полувреме јасно беше дека Ливерпул во овој момент е посилен од Милан.