Клоп му го зададе најболниот удар на Салах


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Мохамед Салах со 24 голови и оваа сезона е најдобар фудбалер на Ливерпул, иако премиерлигашот има катастрофални резултати во Премиерлигата.

Иако е најдобар стрелец на екипата, Салах со некои свои промашувања го оддалечи тимот од местата кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ), па тренерот Јирген Клоп ќе го „казни“.

По двете промашувања во поразот од Бормут, а потоа и против Арсенал, Салах скапо ги чинеше „црвените“ и сега Клоп решил да го избрише од листата за изведување пенали.

Клоп смета дека подобар изведувач на пенали од Салах ќе биде Џејмс Милнер, кој удар од белата точка нема изведено уште од 2019 година.