Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул изгуби две битки од Челси за Моисес Каиседо и Ромео Лавиа, а навивачите се разочарани, додека тренерот Јирген Клоп бара нови засилувања.
Екипата од „Енфилд“ се засили со Мекалистер и Собослаи, но тоа не е доволно, па затоа Клоп на списокот има пет можни засилувања.
На листата се наоѓаат Ибрахим Сангаре, кој имаше одлична сезона за ПСВ и учествуваше во постигнувањето на 11 голови на тимот. Потоа следи Андре Тринидад кој чини околу 50 милиони евра.
Трет на списокот е Аурелиан Чуамени, кој сака да остане во Реал Мадрид, но останува да видиме дали Ливерпул ќе го убеди дека има подобар проект за него.
Николо Барела е четврти на списокот и вреди околу 80 милиони евра, додека последно име на листата е Карлос Балеба кој има смао 19 години и огромен потенцијал.