Клоп најави битка за титулата следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул го чека тешка задача до крајот на сезоната да обезбеди место во топ-4 во Премиерлигата, а тренерот Јирген Клоп веќе со мислите е на следната сезона во која најави напад на титулата.

Клоп верува дека ќе се засилат на лето со неколку фудбалери кои ќе им помогнат во трката со останатите премиерлигаши за титулата.

„Имавме одредени проблеми оваа сезона, но следната ќе бидеме подобри и ќе се бориме за титулата. Некои прогнози велат дека ни се потрени повеќе од 25 победи за да се освои шампионскиот пехар и ќе се обидеме да го направиме тоа следната сезона“, вели Клоп.