Клоп најде лев бек, и тоа каков!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одлична идеја, Германецот не се откажува од својот план да афирмира млади играчи!

Џетро Виљемс е на мета на Ливерпул. Одличниот лев бек на холандскиот шампион ПСВ Ајнховен немаше среќа со повредите во претходните неколку сезони после фантастичните игри на Мундијалот во Бразил.

Сепак, се опорави, неговите партии не се заборавени, а Клоп испрати понуда тешка околу 17 милиони евра за холандскиот репрезентативец.

Ќе ја видиме реакцијата на ПСВ Ајндховен, Виљем се смета за лидер на екипата, има само 22 години, да потсетиме, на неполни 18 години дебитираше за репрезентацијата, а и овој потег на Редсите покажува дека Клоп нема доверба во Морено.

Се зборува заминување на Матје од Барселона кој може да биде стопер и лев бек, но Виљемс секако, пред се поради годините, подобра опција за Ливерпул.