Клоп не мисли да замине, туку најави ремонт во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул оваа сезона игра лошо и се надева дека ќе избори пласман во топ-4 на крајот на сезоната.

Иако за тренерот Јирген Клоп се шпекулираше дека ќе добие отказ, сепак Германецот не планира да замине, туку најави ремонт на екипата.

„Ќе направиме многу промени на лето. Знаеме што ни е потребно и мора нешто да направиме“, кажа Клоп.

Новинарите ги интересираше дали ќе поднесе оставка ако продолжи со лошата форма и биде елиминиран од Лигата на шампиони.

„Тука сум во Ливерпул, каде што сакам да бидам. Не планирам да се повлечам“, кажа Клоп.