Клоп: Не може да го запреме Путин, ама може да му направиме проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде коментар за случувањата во Украина, која е нападната од Русија и смета дека рускиот претседател Владимир Путин е виновен за оваа ситуација.

Клоп си зема за право да коментира политички работи, иако е еден од најдобрите фудбалски тренери во светот.

„Имам 54 години и не можам да разберам како една возрасна личност може да донесе цел свет во таква ситуација, посебно луѓето во Украина. Познавам многу Украинци и Руси. Очигледно не е до луѓето, тоа е војна на лош човек. Мора да покажеме солидарност. Така е секогаш во мрачни времиња. Во последните недели постојано сме сите на телефони. Изгледа не може да го запреме Путин, но може да му создадеме повеќе проблеми, отколку што очекуваше. Можеби тоа им помага на луѓето во Украина“, кажа Германецот.