Клоп: Не знам како не го победивме Арсенал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше разочаран што неговата екипа не победила против Арсенал во големото дерби (2-2).

Ливерпул имаше негатива од 0-2, но „црвените“ се вратија со погодоците на Салах и Фирмино, но потоа имаа неколку шанси кои ги промашија за победа.

Салах промаши пенал, а потоа не успеа да погоди ниту Конате и да го израдува поранешниот шампион.

„Нашата реакција по двата гола беше одлична. Натпреварот беше спектакл, но не знам како не победивме по тие шанси на крајот. Искрено, не знам дали да сум среќен што се вративме и покажавме карактер или тажен што не победивме“, кажа Клоп.