Клоп: Нема одмор за мене, летово ќе бидам зафатен со телефонот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул остана без место во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа го вклучи алармот на „Енфилд“ и затоа летово ќе се прави ремонт на екипата.

Новинарите ги интересираше кога тренерот Јирген Клоп ќе направи одмор од фудбал, но Германецот им кажа дека тоа нема да се случи затоа што ќе работи на ангажман на нови засилувања.

„Нема воопшто да имам одмор. Ќе бидам зафатен со телефонот ова лето. Тоа ќе биде во поинаков дел од играта и среќен сум што го правам тоа“, кажа Германецот.

Едно од засилувањата на екипата треба да биде Мекалистер од Брајтон, а досега и неколку други фудбалери се поврзуваа со премиерлигашот.