Клоп објави лоши вести пред реваншот со Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул во вторник ја пречекува Барселона на „Енфилд“ во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони, но ќе мора да играат без важни фудбалери.

„Црвените“ имаат голем проблем поради негативата од 0-3 од првиот меч, но сега Јирген Клоп доживеа нови главоболки, поради тоа што Мохамед Салах и Роберто Фирмино се повредија.

Фирмино нема сигурно да игра против Барселона, а за Салах постои шанса да заигра, односно повредата не била толку сериозна, колку што се мислеше во прв момент.

Сепак, англискиот гигант се надева на ново чудо, иако ќе мора повторно да играат против аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Да потсетиме, Ливерпул игра уште еден меч во Премиерлигата и тоа против Вулверхемптон, па се надеваат дека може да ја освојат титулата.