Клоп: Осум години ги слушам истите прашања…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп остана без услугите на дефанзивецот Жоел Матип кој се повреди и најверојатно сезоната е завршена за него.

„Црвените“ планираа да донесат негова замена, но тоа нема да се случи во јануари.

„Осум години ги поставувате истите прашања. Постојано зборувате за трансфери како да е едноставна работа. Да се најде играч, да се пронајдат пари, не разбирам… можете ли да ми кажете кој клуб продава врвен стопер? Не било кој, туку најдобриот? Сега имаме четири од нив и не ми треба петти освен ако нема нови повреди“, кажа Клоп.