Клоп откри една од грешките за кои жали во својата кариера


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека една до најголемите грешки во кариерата му е тоа што никогаш во свој тим го немал Хеунг-Мин Сон од Тотенхем.

Клоп се прослави во Бундеслигата на кормилото на Мајнц и Борусија Дортмунд пред да се пресели во Ливерпул во 2015 година, а во Германија блесна и Сон кој играше за Баер Леверкузен.

„Една од моите најголеми грешки во кариерата е тоа што не го ангажирав Сон. Тој е фантастичен и еден од најдобрите во свет на неговата позиција“, вели Клоп.

Сон пред неколку дена правеше операција, но ќе биде подготвен за почетокот на Мундијалот во Катар и се надева дека ќе ѝ помогне на Јужна Кореја да оствари подобар резултат.