Клоп: Ова е лудо, триумфот над Манчестер јунајтед ќе остане запишан во историјата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул одигра неверојатен натпревар против големиот ривал Манчестер јунајтед и славеше со 7-0, а тренерот Јирген Клоп беше презадоволен.

Неговиот тим конечно заигра во вистинско светло и се врати во трката за топ-4 позициите во Премиерлигата со цел да избори пласман во Лигата на шампиони идната сезона.

„Немам зборови. Ова беше неверојатен натпревар. Игравме против екипа која е во добра форма. Вакви резултати се случуваат во фудбалот, а овој триумф ќе остане запишан во историјата. Имаме уште 13 натпревари и многу бодови во игра“, кажа Клоп.

Ливерпул има три бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем, но има одиграно и еден натпревар помалку од ривалот.