Клоп: Ова е најдобрата вест за Ливерпул, имаме светла иднина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул славеше со 4-0 против ЛАСК во петтото коло од Лига Европа и така обезбеди европска пролет.

Тренерот Јирген Клоп по натпреварот зборуваше за талентираниот дефанзивец Џерел Кванса.

„Искрено, ова е најдобрата вест за Ливерпул. Луѓето ни зборуваа дека треба да сме загрижени за одбраната, но знаевме дека го имаме Џерел. Не знаев дека игра вака, иако се надевав. Имаме светла иднина. Кванса е мирен со топката, добар во дуел и носи одлични одлуки во вистински момент“, кажа Клоп.