Клоп по мечот со Барнли: Ако имавме сини картони, ова ќе беше – див запад!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Германецот Јирген Клоп јавно се спротистави на идејата за воведување на сини картони во фудбалот, со кои треба да се санкционираат грубите прекршоци и да се исклучуваат фудбалери во рок од 10 минути.

Клоп го повтори својот став и по натпреварот против Барнли, кој му припадна на Ливерпул со 3-1, а на истиот имаше дури пет жолти картони.

„Имавме емотивен натпревар, замислете судијата да можеше да покажува сини картони. Ќе беше див запад. Не знам зошто Компани доби жолт картон, но јас заслужив таква санкција. Сè додека не е син, па морам да седам на друго место цели 10 минути“, кажа Клоп.