Клоп поддржа важен предлог, а Конте ја нападна Владата на Велика Британија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп апсолутно ја поддрѓа вакцинацијата на фудбалерите и кажа дека секој играч треба да прими барем две дози, а во исто време го поддржа и протоколот на Премиерлигата со рестриктивни мерки на стадионите.

Тотенхем и Манчестер јунајтед беа принудени да го одложат натпреварот поради големиот број заразени играчи, додека на удар сега се и Астон вила и Лестер.

„Ги поддржувам новите мерки. Ќе се тестираме секој ден и пред натпреварите, тоа е одлично за нашето здравје“, кажа Германецот.

Во исто време ситуацијата во Тотенхем полека се смирува, па тренерот Антонио Конте кажа дека постои можност да се одигра одложениот меч против Рен во Конференциската лига.

„Сакам да играме и тоа го заслужуваме. Тоа е голем проблем затоа што Владата реши да ни го затвори тренинг-центарот, не бевме ние виновни“, кажа Конте.