Клоп со порака до навивачите: Ако не сте расположени, дајте го билетот на некој друг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул го прегази Вест хем со 5-1 и се пласира во полуфинале на Лига Купот на Англија, но тренерот Јирген Клоп не беше задоволен од навивачите.

Германскиот стратег кажа дека атмосферата на стадионот била ужасна и затоа испрати порака до навивачите.

„Не сум задоволен од атмосферата на стадионот. Што очекувате? Имавме многу промени во составот, доминиравме против Вест хем и постигнавме пет голови. Јас ако бев во публика, ќе бев еуфоричен, но расположението не беше такво. Ако не сте расположени, дајте го својот билет на некој друг“, кажа Клоп.