Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул одигра 1-1 на гостувањето кај Лутон во 11. коло од англиската Премиерлига, а голот за спас од срамен пораз го постигна Луис Дијаз.
Дијаз поминува низ тешки моменти затоа што е киднапиран неговиот татко и сè уште нема нови детали.
„Тоа беше прекрасен момент од натпреварот, Луис влезе подоцна во игра и постигна гол. Но, тоа не ја менува ситуацијата. Најважно е неговиот татко да биде пуштен на слобода. Чекаме добри вести од Колумбија“, кажа тренерот Јирген Клоп.
Киднапери ги грабнаа неговите родители, а полицијата досега ја спаси само мајка му.