Клоп: Убаво е тоа што Дијаз постигна гол, но чекаме вести од Колумбија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул одигра 1-1 на гостувањето кај Лутон во 11. коло од англиската Премиерлига, а голот за спас од срамен пораз го постигна Луис Дијаз.

Дијаз поминува низ тешки моменти затоа што е киднапиран неговиот татко и сè уште нема нови детали.

„Тоа беше прекрасен момент од натпреварот, Луис влезе подоцна во игра и постигна гол. Но, тоа не ја менува ситуацијата. Најважно е неговиот татко да биде пуштен на слобода. Чекаме добри вести од Колумбија“, кажа тренерот Јирген Клоп.

Киднапери ги грабнаа неговите родители, а полицијата досега ја спаси само мајка му.