Клоп удри по судиите по поразот од Арсенал


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ливерпул загуби од Арсенал на гостувањето на „Емирати“ со 1-3 и така се искомплицира трката за трофејот во Премиерлигата.

Тренерот Јирген Клоп го призна поразот од „топчиите“, но исто така се пожали на судењето на Ентони Тејлор.

„Многу работи беа на наша штета. Овој судија ми покажа црвен картон против Манчестер сити затоа што протестирав за боречкиот зафат од Бернардо Силва врз Салах. Конате доби жолт картон затоа што Хаверц го држеше, а потоа Габриел го направи истото со Нуњез и нес е случи ништо“, вели Клоп.