Клоп внимателен: Манчестер сити е силен тим, а ние ќе дадеме сè од себе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска од 13.30 часот се игра дерби меѓу Манчестер сити и Ливерпул на „Итихад“, а тренерот Јирген Клоп кажа дека ќе бидат внимателни.

Клоп очекува возбудлив натпревар и најави дека ќе дадат сè од себе против „граѓаните“.

„Ова е супер возбудлив натпревар и би го гледал без разлика каде сум на планетава. Мораме да се подготвиме најдобро што можеме и да дадеме сè од себе. Манчестер сити е силен тим и мора да бидеме сконцентрирани“, вели Клоп.