Клоп во Ливерпул носи еден од најдобрите дефанзивци од Премиерлигата

Германскиот тренер Јирген Клоп планира да го засили Ливерпул со уште еден дефанзивец во следниот преоден рок.

Клоп сака да создаде квалитетна одбрана, откако Ван Дајк и Матип влегуваат во завршницата на кариерата, додека Конате често се повредува.

„Црвените“ сакаат да го ангажираат мароканскиот репрезентативец од Вест хем, Најеф Агерд, но засега не е познато колку пари ќе побара лондонскиот тим.

Вест хем минатата сезона го купи за 30 милиони фунти, но по неговите одлични настапи цената дополнително се зголеми.