Клоп за промашувањето на Нуњез: Не ми е гајле… (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ливерпул го прегази Тулуз со 5-1 во Лига Европа, а во центар на внимание по натпреварот беше Дарвин Нуњез кој можеше да постигне уште еден гол.

Нуњез издрибила противнички играч, а потоа и голманот, но не ја затресе мрежата туку погоди статива.

Тренерот Јирген Клоп беше задоволен од настапот на уругвајскиот репрезентативец и не сакаше да зборува за неговото промашување.

„Нуњез игра многу добро, постигна гол, а тоа што погоди статива не ми е гајле воопшто во овој момент. Многу сум задоволен од неговиот настап“, вели Клоп.