Клуб од Дубаи ќе влезе во Евролигата, а тренер ќе му биде Пешиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Евролигата постигна договор со Дубаи, па така новиот тим најверојатно во првата сезона ќе игра во Еврокупот, а потоа и во елитното европско натпреварување.

Екипата ќе почне од нула затоа што се очекува наскоро да биде формирана, а сè уште не се договорени ниту кошаркари, додека тренер се очекува да биде Србинот Светислав Пешиќ.

Од клубовите кои се акционери во Евролигата, само Макаби и Олимпијакос биле против идејата за влез на тим од Дубаи, додека девет гласале „ЗА“.

Дубаи ќе вложи пет милиони евра годишно, односно вкупно 25 во следните пет сезони, а постои ветување и дека ќе донесе нови спонзори во Евролигата.