Клуб од Франција притиска за ангажман на Кошчиелни


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лорен Кошчиелни со својот потег кога одлучи да не оди на подготовки со тимот многу ги налути челниците на Арсенал, но и сите фанови на овој клуб.

Францускиот фудбалер побарал предвремен раскин на договорот,меѓутоа тоа не му било овозможено од Арсенал при што фудбалерот одбил да патува за САД со останатиот дел од тимот.

Сега, се верува дека тимот на Рен може да му понуди излез на играчот кој неколку години беше капитен на „топчиите“. За да го обезбеди неговиот потпис францускиот клуб треба да плати сума од околу девет милиони евра.