Клубот има јасен став: Един Џеко од Рома може да замине само во еден случај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Един Џеко во последните неколку недели се поврзува со напуштање на Рома скоро секој ден.

Јувентус, Интер, Наполи, се само некои од екипите кои се поврзуваа со Џеко, но на крајот Ромите сепак решија да не го продадат својот најдобар стрелец.

На возраст од 34 години, Џеко сепак ја носи играта на Рома на грб. Тој е капитен на тимот, па Рома одлучи дека Един е многу важен за тимот, без оглед на тоа што има огромна плата што го „оптеретува“ буџетот на клубот.

Вчера, на средбата во Тригорија се одржа средба, каде што Џеко беше главна тема. Беше присутен и неговиот менаџер.

Единственото нешто што напаѓачот би можело да го однесе во друг клуб е огромна понуда што клубот не можеше да ја одбие. Сепак, тешко е да се очекува дека ќе дојде вакво нешто и јасно е дека веројатно ќе го видиме Един во дресот на Волчицата и следната сезона.

Исто така, не се знае колкава е оваа „огромна понуда“ што Рома не може да ја одбие, но сигурно е повеќе од 14 милиони евра што тие беа подготвени да ги добијат за него во изминатиот период.